дел од улицата Тодор Александров и ќе ја реконструираме улицата Димитар Влахов, како дел од плоштадот пред црквата „Пресвета Богородица“; во Општина Кисела Вода ќе работиме на третата фаза од проектот за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски, на потегот од фабриката „Стакларница“ кон населбата Драчево, на продолжување на булеварот Србија до улицата Христо Татарчев со изградба на нов кружен тек и на проширување на улицата Павел Шатев; во Општина Аеродром ќе ја довршиме втората фаза од проектот за проширување на булеварот Трета македонска бригада, на потегот од крстосницата со улицата Васко Карангелевски до улицата Никола Карев, ќе го градиме булеварот АСНОМ во делот на Ќерамидница до новата сала „Јане Сандански“ и делот од булевар АСНОМ од последна 5-ка кон куќите во Лисиче – прва фаза, а ќе го доуредиме и паркот на булеварот Февруарски поход; во Општина Гази Баба ќе ја завршиме првата фаза од проектот за проширување и реконструкција на улицата Маџари со изградба на атмосферска канализација, ќе го доградиме кружниот тек меѓу улиците 16.Македонска бригада и Коце Металец кај населбата Железара, а ќе работиме и на проширување на булевар Александар Македонски од „Агросервис“ до клучката Дијамант; во Општина Чаир ќе работиме на реконструкција и проширување на булеварот Христијан Тодоровски Карпош во делот на Чаир, како и на изградба на 4-та лента на булеварот Никола Карев; во Општина Бутел ќе го пробиеме булеварот Христијан Тодоровски Карпош кон обиколницата и ќе ја доградиме новата атмосферска канализација на улиците Александар Урдаревски и Боца Иванова; а во Општина Шуто Оризари ќе го доградиме новиот водоснабдителен систем што е од исклучително значење за нашиот град – нагласи градоначалникот Трајановски.
Трајановски се заблагодари на одличната соработка и поддршката што ја дава Советот на Град Скопје на проектите и програмите на Град Скопје.