Зоран Верушевски, до одлуката на Кривичниот суд останува во притвор, бидејќи добил ново продолжување на мерката пред само една недела, пишува Дневник.
Имено, Кривичниот совет на судот на 21 декември донел одлука да му го продолжи притворот на Верушевски за уште 30 дена.
– Не постојат законски рокови кога Кривичниот совет треба да ја донесе одлуката за притворот. Таа ќе биде донесена кога ќе бидат исполнети законските претпоставки. За лицето Зоран Верушевски последен пат притворот е продолжен на 21 декември 2015 година во рок од 30 дена – одговориле од Кривичниот суд Скопје 1 – Скопје за весникот Дневник.
Одбраната на Верушевски и на Ѓорѓи Лазаревски, исто така обвинет во „Пуч“, минатата недела поднела предлог за укинување на нивниот притвор.
Јанева како надлежна обвинителка во петокот се согласи за укинување на притворот за што го известила судот и даде предлог тој да биде заменет со домашен притвор и со забрана за напуштање на државата.
„Податоците за патните исправи се добиени по пат на службени проверки, што, ве уверуваме, не е невообичаена пракса. До судот ќе биде испратено известување дека податоците се добиени на овој начин и дека ние не ги поседуваме патните исправи поради што не сме во можност да ги доставиме до судот“ –изјавиле од Специјалното обвинителство.