При увидот што го извршиле, увидна екипа на полицијата и стручни лица од одделот за антитеротизам од МВР и јавен обвинител од ОЈО Куманово, констатирано е дека ескплозијата настанала на приземниот дел на бетонската шахта од дистрибутивниот гасовод, пренесува МИА.
Непознат сторител, фрлил пиротехничко средство во близина на шахтата и при испуштање на дозволена количина гас од шахтата дошло до експлозијата. Oд лице место подигнати се изгорени остатоци од пиротехничкото средство. Од Јавното обвинителство констатирале дека се работи за кривично дело – Предизвикување општа опасност.
СВР Куманово работи на пронаоѓање на сторителот и расчистување на случајот.