Груевски најави сериозни инвестиции во патната инфраструктура

Премиерот Никола Груевски денеска најави сериозни инвестиции во патната инфраструктура и за оваа година. Тој истакна дека освен петте експресни патни правци, оваа година ќе се градат и шест регионални патишта.

Вкупната вредност на новите регионални патишта е 46 милиони евра, со кои ќе бидат изградени 85 километри.

Регионалните патишта кои ќе се градат оваа година се Кочани-Делчево, Пробиштип-Пониква, Тораница-Саса, патот меѓу Мало и Големо Коњарево, патот Извор-Бошков Мост (Кичево-Дебар) и приклучокот спрема Вевчани.

Оваа година се градат и три автопати. Груевски потенцира дека станува збор за сериозни инвестиции во патната инфраструктура, кои се од корист за многу граѓани од цела Република Македонија.