ФОТО: ДИК се претвора во општинска организација на СДСМ

„Митингаш и класичен партиски војник“, се двете најчести квалификации кои ни ги дадоа голем број на членови и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, како опис на новоизбраниот генералниот секретар  на Државната изборна комисија Добре Јанчев, пишува Курир.

Во однос на професионалната кариера или какви било посериозни достигнувања Јанчев е прилично непознат.

Дури и во партиската структура на СДСМ, новоизбраниот генерален секретар е во сенка на неговата сопруга која е координатор на советничката група во општина Аеродром.

DIK1

Истата фигурира и како координатор на Форумот на жени на СДСМ за првата изборна единица.

DIK2

Во своите јавни настапи сопругата на новиот генерален секретар на ДИК не пропушта прилика со жестоки навреди да го дискредитира ВМРО ДПМНЕ.

– Не постои сила, закана или уцена да не натера да размислуваме како ВМРО-ДПМНЕ, само заради тоа што во моментов се на власт, истакна Љубица Јанчева во своето обраќање на партиска говорница на СДСМ.

DIK3

Досега нејзиниот сопруг, секаде ја придружуваше на митинзите на СДСМ. Двајцата беа и меѓу камперите кои пред Владата ги исполнуваа инструкциите на Зоран Заев.

DIK4

Новиот генерален секретар на ДИК е член на Фејсбук групата „СДСМ тргнува во конечна победа“, а со сопругата се меѓу позабележаните на фотографиите од протестите на таканаречените „Граѓани за Македонија“.

DIK5

Негови пријатели на Фејсбук се и Фросина Ременски и другите функционери на СДСМ.

Законот вели „Генералниот секретар ја врши својата работа професионално“.

DIK6

Според сите сознанија до кои што дојдовме, професионализмот на новиот генерален секретар е во голема мера запоставен за сметка на партискиот активизам.

Ваквото однесување е недозволиво за актуелната состојба и новиот состав на ДИК кој треба да овозможи услови за одржување на фер и демократски избори.