20 доктори и 40 сестри заразени во болницата во Нови Пазар

Директорот на Општата болница во Нови Пазар, Србија, Мехо Махмутовиќ денеска објави дека 20 лекари и скоро 40 медицински сестри вработени во болница се заразиле со коронавирусот. Потенцираше дека се заразиле на работното место.

Потенцираше дека доста загрижува фактот што сите пациенти кои дошле во последните 15 дена имаат потешка здравствена слика на коронавирусот и се во позагрижувачка состојба.

Според него вирусот мутирал и е многу посеризен.

„Дури и оние со поблага клиничка слика имаат температура која трае неколку дена и се омалаксани. Имаме многу сериозни пациенти и загрижувачки е што сите што дојдоа во последните петнаесет дена се сериозно исцрпени, со сериозна пневмонија. Најлесни се оние со треска, кашлица и малаксаност. Од првиот веднаш влеговме во вториот бран“, смета Махмутовиќ.