13.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

200 илјади евра за привремени вработувања во Министерството за одбрана

Министерството за одбрана – сектор за логистика распиша тендер за ангажирање на лица преку приватна агенција за вработување. Проценетата вредност на договорот со ДДВ е 12.000.000 денари или околу 200 илјади евра.

Огласот е објавен на 7 мај, а крајниот датум за поднесување на понуди е 6 јуни.