200 сириски бегалци откриени во камион во Измир

Весникот „Хуриет дејли њуз“ објави дека вкупно 200 сириски бегалци, кои се обидувале да стигнат до Европската унија, се откриени во затворен камион оставен од возачот на паркинг во градот Измир во западна Турција.

Полицијата ги открила мигрантите денеска околу три часот по полноќ, откако локални жители ја известиле дека слушаат звуци од камион паркиран во близина на нивните домови.

Мигрантите се наоѓале во приколката на камионот, која била затворена со церада. Камионот бил оставен со вклучен мотор, но возачот исчезнал.

Локалните власти во Измир вчера соопштија дека турската крајбрежна сража меѓу 9 и 12 октомври спасила вкупно 1.361 бегалци во регионот на Егејското Море и привела еден трговец со мигранти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.