Ракометарите “кинисаа” за Полска

Максимално оптимистичко расположение, македонските ракометари, носат кон Краков судејќи според желбата, мотивот и амбицијата да се стигне до нов успешен настап на интернационалната ракометна сцена.

По пристигнувањето во Краков, селекторот Ивица Обрван вечерва ќе го одработи и првиот тренинг на полско тло во салата во која ќе се играат натпреварите, “Таурон арена”.