Примадоната Весна Гиновска – Илкова на традиционалниот Божикен концерт

Имаме особена чест  и задоволство да ве информираме, Универзална сала – Скопје и Камерниот оркестар Скопски солисти од Скопје под раководство на проф.М-р Васил Атанасов  и оваа година, веќе традиционално  како и изминатите години, е организатор и координатор  на активностите  за традиционалниот  Божикен концерт  кој ќе се одржи  во Универзална сала – Скопје,  на осми јануари со почеток во 20 часот.

Програмата  ќе биде реализирана со настап на нашата позната примадона Весна Гиновска – Илкова, сопран, првенец на Македонската опера и балет, Хорското студио Рустико, а под диригентската палка на маестро Андреј Андреев, познат бугарски диригент.

На посетителите  ќе  имаат можност да уживаат со музиката од  познати автори и нивните дела,  бидејќи на програмата се дела на Vivaldi, G.F.Händel, W.A.Mozart, P.I.Tchaikowsky, Zaprov и Bartok.

Како и изминатите години се очекува концертот  да предизвика големо внимание кај Македонската музичка публика љубители на класичната музика и Универзалната сала ќе биде исполнета до последното место, заради  споредба, минатата година  за концертот се бараше карта повеќе.