
Поради анонимна порака дека во една улица во центарот на Прага е подметната бомба, полицијата евакуирала околу 1.000 лица.
Просторот го прегледале пиротехничари и специјално обучени кучиња.
Анонимната порака дека во центарот на Прага е подметната бомба, пристигнала утрово до полицијата.
„Го пренасочивме сообраќајот. Целосно затворивме две улици бидејќи во пораката не беше прецизирано во која зграда е бомбата“, рекол портпаролот на полицијата Томаш Хулан.