
Директорот на македонската фудбалска репрезентација Петар Милошески загина синоќа во сообраќајна несреќа што се случила во близина на Куманово.
Во несреќата е повреден и претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Илчо Ѓорѓиески, и уште две лица од ФФМ.
Милошески и Ѓорѓиески синоќа со автомобил се враќале од хуманитарен натпревар во Куманово.
Ова е огромна загуба за македонскиот фудбал. Милошоски беше поранешен голман на репрезентацијата, но бранеше и за неколку странски клубови.
Од полицијата повеќе детали за несреќата најавија за подоцна.