Русија бара ОБСЕ да испрати набљудувачи за референдумот во Крим

Министерството за надворешни работи на Русија ја повикува Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) да испрати набљудувачи за референдумот во Крим, што треба да се одржи во недела, пренесе „ИТАР-ТАСС“.

Русија изрази разочарување од изјавата на актуелниот претседавач на ОБСЕ и претседател на Швајцарија, Дидие Буркхалтер дека престојниот референдум во Крим „противречи на украинскиот Устав и дека треба да биде прогласен за незаконски“, поради што претседателството на ОБСЕ ја исклучува можноста да испрати набљудувачи за време на неговото спроведување .