
Во текстот под наслов „Нова состојба на пазарот на недвижности во 40 реони на земјата“, „Етнос“ тврди дека стари станови во Грција може да се купат и по цена од 100 евра за квaдратен метар.
За да се ослободат од плаќањето на високите даноци на имот, сопствениците ги продаваат своите куќи и станови стари по 30 или 40 години по цена од 100 до 300 евра за квадратен метар, наведува весникот.