Италија во шок, Монтоливо го пропушта Мундијалот во Бразил

Репрезентативецот на Италија и капитен на калчо гигантот Милан, Рикардо Монтоливо, заработи тешка повреда за време на пријателскиот натпревар против селекцијата на Ирска кој заврши без погодоци.

Одличниот играч за врска беше грубо фаулиран во 8 минута, а веднаш по натпреварот, селекторот на Италија, Чезаре Прандели, потврди дека Монтоливо заработил скршеница на десната нога и нема да биде во состојба да настапи на престојниот Мундијал во Бразил.

Таквиот вид на повреда бара мирување во следните 3-4 месеци, а на повреда се пожали и фудбалерот на Фиорентина, Алберто Аквилани.

“За жал, овој натпревар ќе биде запаметен по тешката повреда на Монтоливо. Сите сме во шок, не ми се збори за натпреварот. Ќе почекам уште некој ден пред да го објавам конечниот список со патници за Бразил. Доминиравме на стартот од натпреварот, но потоа бевме во голем шок. Мора да го забрзаме нашиот ритам на игра кога имаме доминација, кога играме подобро од противникот”, изјави селекторот на Италија, Чезаре Прандели.

Поврзани вести

Најнови вести