Марадона: Мурињо е во право за Касиљас

Легендарниот репрезентативец на Аргентина, Диего Армандо Марадона е последниот кој јавно “удри” по капитенот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Икер Касиљас и го посочи како главен виновник за срамниот пораз од 5:1 кој “црвената фурија” го доживеа во дуелот против репрезентацијата на Холандија.

„Не сум видел голман да има полош меч од она што му се случи на Касилјас против Холандија. Да бидам искрен, веднаш се потсетив на она што мојот пријател Мурињо на сите им го кажуваше за Икер. Тој тврдеше дека Касилјас е далеку од топ-форма, дека не е вистинскиот голман за Реал, и на крајот плати за тоа. Сепак, на крајот ќе излезе дека Жозе Мурињо бил во право, му се допаѓало тоа некому или не“, изјави Марадона.

 

Поврзани вести

Најнови вести