Секторот за јавни дејности, Одделение за социјална, детска и здравствена заштита на Град Скопје, денеска, во Конгресниот центар на Скопскиот саем, учествуваа на Проектниот саем за социјално вклучување со цел одбележување на успешното завршување на Проектот „Зајакнување на релевантните актери за социјална инклузија на локално ниво”, поддржан од Европската Унија.
Настанот имаше за цел да се промовира општествената одговорност на претпријатијата заради социјално дејствување во Македонија, односно да се изложат Проекти (или проектни идеи) и да се направи обид да се привлече деловниот сектор да ги финансира тие проекти.
Градот Скопје, учествува на овој настан со свој штанд на кој се изложени печатени материјали и документи во кои се промовираат проекти и активности реализирани од Град Скопје, во областа на социјалната инклузија, а преку видеопрезентацијата беа промовирани и позначајните проекти на Градот од оваа област.
На Град Скопје, му беше доделен и сертификат за успешна реализација на Проектот.