Хумелс само полесно повреден

Репрезентативецот на Германија, Матс Хумелс, кој го постигна вториот погодок на натпреварот против селекцијата на Португалија, потврди дека повреда која ја заработил во второто полувреме за среќа не е од посериозна природа.

“Почуствува некакво затегнување во ногата. Не можев добро да згазнам и затоа побарав да бидам под итно заменет. Секога има поголема доза на загриженост, секогаш прво мислиш дека станува збор за тешка повреда. Јас имав многу среќа, лекарскиот преглед покажа дека не станува збор за некоја посериозна повреда. Се ќе биде во ред со мојата нога за неколку дена”, изјави дефанзивецот на Германија.

И покрај добрите вести, германските медиуми се убедени дека Хумелс ќе го прескокне вториот натпревар од групната фаза, дуелот против репрезентацијата на Гана.

 

<-- izbrisi
-->

Поврзани вести

Најнови вести