Повеќе од 30 лица се уапсени во протестите против Светското фудбалско првенство во бразилскиот град Форталеза.
Полицијата ги растерувала демонстрантите со солзавец и водени топови.
Неколкумина маскирани демонстранти фрлале со камења и прачки кон автобусите со логото на ФИФА.
Во Рио де Женеиро полицијата исто така употреби солзавец за да ја растера групата од стотина лица, при што уапси седуммина од нив.