Пензионерите од денеска ќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП и во недела.
Треба само да ја покажат личната карта.
Одлуката ја донесе Советот на Град Скопје на седницата одржана на 19 февруари годинава, но со одложена примена до завршувањето на претседателските и парламентарните избори.
Повозрасните граѓани досега имаа можност бесплатно да се возат во автобусите на ЈСП „Скопје“ во вторник, петок и сабота.