Големо внимание ќе привлече и дуелот помеѓу директните ривали за првата позиција во групата “Х”, репрезентациите на Белгија и Русија.
Далеку подобра игра се очекува од репрезентативците на Белгија кои иако одиграа под очекуваното ниво во претходниот натпревар, на крајот забележаа минимална победа од 2:1 во дуелот против селекцијата на Алжир.
Без право на кикс се и репрезентативцитена Русија кои освоија само еден бод во дуелот птотив Јужна Кореја.
“Ставив крај на приказната за Акинфеев. Направи грешка, но секој може да направи таква грешка. Тоа е нешто нормално во фудбалскиот и голманскиот свет. Нема да го вратиме времето, нема да се преигра дуелот против Јужна Кореја. Сега мислиме на дуелот против Белгија. Очекувам моите фудбалери да ги прикажат вистинското лице, да одиграат многу подобро, да бидат посконцентрирани пред противничкиот гол. Сите опции се во игра, ќе победи тој кој ќе направи помалку грешки, а можно е натпреварот да биде решен и со еден потег”, изјави пред натпреварот селекторот на Русија, Фабио Капело.
Дуелот помеѓу Русија и Белгија стартува во 18:00 часот.