Кисела Вода и Визбегово денеска без вода

Дел од корисниците од Кисела Вода и Визбегоиво, општина Бутел, денеска поради дефект останале без вода, соопштуваат од Јавното претпријатие „Водовод и канализација“.

Во општина Кисела Вода, денеска во 10:20 часот, па се до санирање на дефектот, без вода останале жителите на улицата Кавалска број 41.

Во Визбегово, дефектот настанал во 10:40 часот, а без вода се корисниците од улицата 2 број 3. Жителите без вода ќе бидат се ди санирање на дефектот.