Неколку часа по објавувањето на резултатите од рефендумот во Шкотска, британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека пошироката автономија за Шкотска би требало да биде оследена и со пошироката автономијата за Англија, нагласувајќи дека секој договор по рефендумот треба да биде фер и траен.
Камерон најави дека планот за предавање на новите поголеми овластувања на Единбург го подготвил членот на британскиот Парламент и поранешен премиер, Шкотланѓанецот Гордон Браун, додавајќи дека предлог-законот за проширување на автономијата ќе биде готов до јануари.
Според Би-Би-Си, усвојувањето на законот ќе биде одложено за по изборите во мај 2015 година.