Се запали автомобил во движење

Во Гевгелија во непосредна близина на Полициската станица се запали автомобил во движење, „Пежо 206“ .

Патниците без повреди брзо го напуштиле опожареното возило, но никој во околината немал противпожарен апарат да го локализира огнот. Гевгелиските пожарникари за десетина минути стигнале на местото и со брза интервенција целосно го изгаснале возилото.

Според првичните информации причина за пожарот на возилото најверојатно е дефект на плинскиот уред кој за среќа освен причинетата материјална штета на возилото не предизвикал посериозни последици по случајните минувачи и околните објекти.