
СОРОС и СДСМ функционираат и дејствуваат преку пленумите кои се финансирани од нив и се полни со нивни активисти, а идентично во 2001-ва година дел од ова сценарио беше платформата „Доста е“, која пак беше финансирана и организирана од фондацијата СОРОС.
Инаку ,целта на овие организации е да се создава тензија во општеството, поделба кај народот и одвлекување на вниманието на полицијата, за да не може да дејствува кон надворешни загрозувања.
Пленумските активности имаат и силна медиумска поддршка од средствата за информирање под контрола на опозицијата, особено од порталите кои речиси секогаш први, а неретко и единствени, ги дознаваат агендите, односно настаните на средношколскиот, студентскиот, наставничкиот, новинарскиот и другите пленуми, на кои, во најголем дел заеднички заштитен знак им е стиснатата тупаница, симбол на некогашниот “отпор” и белата лада на Бранко Црвенковски.
Иницијативата „Доста е“ беше започната во 2001 година од фондацијата Сорос во Македонија, каде што директор е Владимир Милчин долгогодишен функционер на СДСМ. Оваа иницијатива траеше се до изборите во 2002 година, а веднаш потоа замре. Поголем број невладини организации во 2001 година беа вклучени во Платформата ДОСТА Е и Платформата за мир и стабилност, предводени од Фондацијата Институт Отворено Општество Македонија – Сорос. Тогаш познавачите на ситуациите говореа дека ваквата коалиција на невладини организации беше формирана со цел да создаде мнение кај јавноста за смена на власта која беше предводена од ВМРО-ДПМНЕ.