
Четиринаесет годишно момче од Градец е возачот на автомобилот „БМВ“ со италијански регистерски таблички кој вчера околу 16:30 часот се преврте кај Градец.
Возилото според информациите од полицијата, излетало од коловозот, се превртело и паднало на канал за наводнување, при што на лице место животот го загубила 15-годишната Лиридона А. Со тешки повреди се несреќата се здобила 14 годишна малолетничка која е пренесена во Ургентниот центар, каде е задражана на понатамошно лекување.
Со несреќата полесно повредени се возачот и уште три малолетнички на возраст од 15 години на кои им е укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Гостивар.
Полицијата на местото на несреќата извршила увид.