Малезија: Се повеќе жени на чело на гангстерските групи

Претседателот на УМНО, најголемата партија во коалицијата што е на власт во Малезија,  Датук Балакришнан денеска изјави дека во земјата девојките и жените се почесто стануваат водачи на гангстерските тријади кои криминалните активности ги започнуваат со наплата на „заштита’’ на средношколки и студенти, а често се вклучени и во тешки грабежи и трговија со наркотици, пренесува МИА.

Според Балакришнан, кој изјавата ја дал врз основа на податоци од полицијата, најмалку 1.300 девојки и жени се водачи на криминалните „тријади’’. Тие, познати и по прекарот „големите сестри’’ делуваат во рамки на поголеми гангстерски групи, а покрај криминалните активности имаат задача да регрутираат нови членки на ганговите.

Во криминалните акции во Малезија, откриени минатата година, над 10 посто од актерите биле жени, Во полициските анализи се наведува дека жените криминалци не биле ништо помалку насилни од нивните машки колеги и дка, најчесто, дамите од подземјето не се покајале за злоделата што ги прават.