Листа на сите луѓе што биле прислушувани од страна на Заев

Осумдесет и седум лица си ги слушнаа сопствените телефонски разговори во досега објавените 28 бомби на лидерот на СДСМ Зоран Заев. Најмногу објави добија прислушуваните разговори на Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Дури 146 пати гласот на Јанкулоска се слушна на Бихаќка, анализира Пресс 24.

Следен на листата е Миле Јанакиески кого социјалдемократите го пуштија неверојатни 144 пати.  Третото место го држи директорот на ДБК Сашо Мијалков со 60 прислушувани разговори, а премиерот Груевски е четврти и неговите телефонски разговори социјалдмеократите ги пуштија 52 пати.

Анализата која ја направи Press24 недвосмислено покажува кој се бил таргет на прислушувањето  од страна на Заев и неговата агентурна мрежа. Од 86 прислушувани граѓани најголемите дел се од највисокиот државен врв, а сите биле следени преку прислушување на телефонските разговори на вкупно десетина лица од врвот на власта. Значи првите десетина лица кои имаат најмногу разговори се оние чии телефони биле прислушувани, а до  бројката од 86 вкупно објавени инволвирани лица се доаѓа посредно, односно преку нивните телефони.

Анализата комплетно ја   демаскира лагата на Зоран Заев дека биле следени вкупно 26.000 граѓани, бидејќи она што до сега беше објавено покажува дека се следени само 10 лица и тоа од највисокиот државен врв.

Во прилог комплетната листа.

lista_1

lista_2

 

lista_3

lista_4

lista_5

lista_6