
Светската јавност е шокирана откако се појавија информации дека Ирина Шаек е во врска со доскорешниот претседател на ФИФА.
Шокантната вест доаѓа од страна на шпанските медиуми, а таа гласи дека Ирина Шаек, поранешната девојка на Кристијано Роналдо имала афера, ни помалку ни повеќе, туку со со доскорешниот претседател на ФИФА, Сеп Блатер.
Прекрасната руска манекенка, наводно, е една од оние кои паднаа на шармот на 77 годишниот Швајцарец кој е познат по своите освојувачки способности. Според непотврдени информации тие двајца биле заедно, но нејасно е дали стапиле во интимна врска додека таа се уште била во врска со ѕвездата на светскиот фудбал.