Хуманитарен фестивал на лебот

Под мотото „Биди добар како леб“ вечерва во Скопје ќе се одржи четвртиот по ред хуманитарен фестивал на лебот.

Фестивалот е во организација на хуманитарното здружение  „Кралицата Есма и Стево Теодосиевски“  и балканската асоцијација за алтернативен туризам „Балканиа“, пренесува МИА.

На фестивалот, пекари  и бурекџилници ќе  ги донираат своите производи кои ќе бидат понудени на лицитација. Собраните средства ќе бидат наменети за децата без родители и родителска грижа од СОС Детското село и за Домот „11 Октомври“.

На оваа манифестација со свои специфични пекарски производи ќе бидат присутни и заедниците од Македонија, а учество најавија и неколку амбасади.

Одржувањето на манифестацијата е помогнато од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот.