
Јоакин Ел Чапо Гузман, најбараниот нарко-бос во Мексико пред неколку дена побегна од добро чуваниот затвор копајќи дупка која била пронајдена во неговата туш-кабина.
На видеото се гледаат последните моменти од неговиот престој во ќелијата и моментот кога преку ископаната дупка, низ каналот тој побегнал од затворот.
Дупката која е во кабината не може да се види директно на снимката. Тој ниту еднаш не се свртел со лицето кон камерата.