
Поранешниот словенечки премиер и претседател на словенечката демократска партија Јанез Јанша преку Твитер информираше за поставувањето на оградата на македонската граница.
-Држава која не е членка на ЕУ, ја решава Европа наместо Грција или Словенија, пишува Јанша на Твитер.
На овој коментар на Јанша, со поддршка за одлуката на Македонија се приклучија голем број познати лица од Словенија. Меѓу нив е и словенечкиот новинар Мартин Чешењ кој вели дека Јанша има право кога вели дека Македонија ја решава Европа, а воедно прашува што прават Хрватска и Словенија?