
Вчера во 22.30 часот на автопатот од село Удово за Демир Капија, во близина на објектот на Македонија пат – село Удово, од страна на полициски службеници поради контрола било сопрено патничко возило „крајслер војаџер”.
Како што информира МВР, возачот се дал во бегство, а во возилото се затекнати 21 илегални мигранти.
Истите се приведени во полиција. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.