Мадона го прекрши филипинскиот закон на сцена

Американската пејачка Мадона би можела да добие забрана за влез на Филипини поради непочитување на филипинското знаме на концертите што ги одржа вчера и завчера во Манила.

– Го исмејуваше нашето знаме – изјавил шефот на хералдичкото одделение на Националната историска комисија на Филипините, Теодоро Атиенка.

Како што додал, Мадона го прекршила законот со кој се забранува носење на знамето на Филипините како костим, еден негов дел или униформа, пренесуваат медиумите.

Атиенка рекол дека знамето коешто пејачката го носела на концертот ја допирало сцената, што е уште еден прекршок.

Мадона и продуцентот на концертот би можеле да сносат одговорност за прекршок иако за тоа не биле свесни, пренесува „Ројтерс“.

Организаторите на концертот не одговориле на овие обвинувања.

Подготви: К. А.