Јапонскиот суд покрена обвиненија против тројца поранешни раководители на јапонската компанија ТЕПЦО во чијашто сопственост е и нуклеарната електрана Фукушима која во 2011-тата доживеа хаварија, јавуваат јапонските медиуми, пренесува „Танјуг“.
Групата од пет адвокати која беше именувана од судот денес покрена обвиненија против претседателот на извршниот одбор на ТЕПЦО од периодот на хаваријата од март 2011-тата година, Кунехис Кацумара (75) и за уште двајца високи претставници на корпорацијата, потпретседателот на одборот и техничкиот советник.
Тие се обвинети за професионална небрежност, но не е издаден налог за нивно апсење.
Обвинението е покренато откако 11-члениот судски комитет во јули минатата година одлучи тројцата раководители да ги упати до кривичниот суд.
Преттходно обвинителството два пати отстапуваше од слуачите преотив нив со објаснување дека неможат да најдат доволно докази за составување обвинение за кривично дело.
Докажувањето на кривичната одгфоворност на тројцата раководители зошто не ја спречиле хаваријата на нуклеарката би можело да биде тешко, но многу луѓе, меѓу кои и жителите на Фукушима, истакнуваат дека на судењето ќе бидат обелоденети нови факти за несреќата и улогата на Компанијата во тоа, за што досега од компанијата избегнуваа да говорат.
Во цунамито и земјотресот од 2011-тата беа оштетени три реактори во нуклеарката Фукушима, по што дојде до истекување на радиоактивен материјал и евакуација на десетици илјади жители.