
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил синоќа во градот Ненцинг, во провинцијата Форарлберг.
Мажот имал расправија со неговата пријателка, по што извадил оружје од неговиот автомобил и отворил оган кон присутните на концертот, чија бројка изнесувала околу 150 лица.
Концертот се одржувал на отворено во органзиација на моторџиски клуб.
Пријателката на напаѓачот е меѓу ранетите.
Според полицијата мажот стрелал со пушка.