
Тешка сообраќајка се случи утринава во населбата Автокоманда, во близина на надвозникот, кај средното училиште АСУЦ.
Според првичните информации автомобил „пежо 206“ со скопски регистарскии ознаки, управуван од И.В. ја пробил заштитната ограда на надвозникот, излетал и се превртел на покрив на булеварот Александар Македонски под надвозникот.
Засега нема информации за карактерот на повредите на возачот кој бил сам во автомобилот. Од МВР информираат дека тој бил пренесен со возило на итна медицинска помош во Ургентниот центар.