
Поради сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Васил Чакаларов“ сообраќајот подолго време беше во застој.
Читатели на Натпрес испратија фотографии до нашата редакција и велат дека поради сообраќајната несреќа имало колона се до студентскиот дом „Гоце Делчев“.
Како што може да се забележи и на фотографиите во сообраќајната несреќа товарно моторно возило, односно комби возило со тетовски регистарски ознаки удрило во автомобил БМВ.
Засега нема информации за повредени лица.