ИД презеде одговорност за нападот во Ница

Екстремистичката група Исламска држава презеде одговорност за нападот во Ница, при што загинаа 84 луѓе, а над 200 се повредени, пренесе МИА.

Претходно, француската полиција соопшти дека утрово во Ница се уапсени три лица под сомнение дека биле поврзани со напаѓачот.

Полицијата се обидува да разјасни дали 31-годишниот Мохамед Булел од Тунис, сам дејствувал или имал соучесници и дали неговите мотиви се поврзани со радикалниот ислам.

Вчера е приведена и неговата поранешна сопруга.