
Се работи за лесен летен рецепт за чија подготовка нема да ви треба многу време, а по ладењето станува вистинско освежување. Наместо манго можете да користите ананас или некое друго овошје.
Состојки:
- 100 грама бисквити
- 50 грама зобени снегулки
- 80 грама путер
За крем:
- 6 дл полномасен јогурт
- Ванилин шеќер
- 80 грама шеќер
- 2 лажици сок од лимон
- 3 дл шлаг
- Вреќичка зацврстувач за шлаг
- 2 манга
- 1 лажичка шеќер
Подготовка:
Сомелете ги бисквитите со зобените снегулки и помешајте ги со путер. Распоредете ги на дното од помали калапи, притиснете ги и ставете ги во ладилник. Желатинот натопете го во студена вода додека не омекне. Јогуртот промешајте го со сок од лимон, со шеќер и ванила.
Загрејте го желатинот на тивок оган додека не се стопи, па ставете го во смесата од јогурт. Измиксајте ја шлаг пената со зацврстувачот и вмешајте ја со смесата од јогурт и ставете ја во калапите со подлоги од бисквити.
Мангото исечкајте го на ситни коцкички и ставете го во тава. Ставете една лажичка шеќер и гответе додека овошјето не омекне. Оладете го и ставете го врз тортичките. Оставете го колачот во ладилник неколку часа. Пред послужување префрлете ги тортичките во чинии и извадете ги од калапите.