
Шеесетитригодишен жител на Кочани вчера бил најден мртов во неговото возило.
Вчера околу 17.30 часот на локалниот пат Кочани-одмаралиште „Пониква“, атар на село Лешки, кочанско, во неговото возило „пежо 406“ со штипски регистарски ознаки, пронајден е починат Ј.П (63) од Кочани.
Како што информираат од полицијата, смрт е констатирана од доктор на Итна медицинска помош.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПС Кочани, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено на фамилијата за погреб.