
Публиката одлично реагираше на филмот. Она што ги плени е едноставноста на приказната, хуморот, но и апсурдноста на самата ситуација со која се поистоветуваат гледачите од различни земји и култури, изјави продуцентот на филмот Гоце Кралевски, кој ја прими наградата во Измир.
Се работи за парадоксална драма во која двајца старци се расправаат за последното гробно место во едно запустено македонско село. Филмот се снимаше минатото лето во мариовското село Кален. Досега е прикажан на дваесетина фестивали низ светот, а е селектиран и во официјална конкуренција на уште три – во Шпанија, Колумбија и во Индија.
Главните улоги ги играат актерите Мите Грозданов и Илија Струмениковски, а директор на фотографија е Димо Попов. Филмот е снимен во продукција на „ДНФ филмс“ и поддржан од Агенција за филм на РМ и од „Канал 5“.