Кривични пријави за двајца ограбувачи на цркви во три охридски села

Како што информира МВР, тие во периодот од јуни 2016 до 17 февруари 2017 година извршиле тешки кражби во цркви на подрачјето на охридските села Лескоец, Старо Лескоец и Горно Лакочереј.

Пријавените во повеќе наврати со употреба на погоден предмет краделе во црквите „Свети Илија“, „Света Петка“, „Свети Спас“, „Свети Наум“ и „Свети Тома“, од каде одзеле околу 2.000 денари.