
Силна експлозија одекна во Дортмунд пред дуелот меѓу фудбалските клубови Борусија и Монако во рамки на Лигата на шампионите. Според информациите, експлозијата се случила непосредно до автобусот на домашната екипа.
Гостинските навивачи на Монако кои во моментот на експлозијата веќе беа на своите позиции на стадионот на Борусија, со извици „Дортмунд, Дортмунд“, изразија поддршка за фудбалерите на домашниот клуб.
Во меѓувреме пристигна информација дека поради инцидентот мечот меѓу популарните „милионери“ и тимот на Монако нема да биде одигран вечерва односно ќе биде презакажан за среда со почеток од 18 часот и 45 минути.
Локалните медиуми информираат дека во експлозијата повреден е еден од фудбалерите на Борусија, а најверојатно станува збор за Марк Бартра, кој сепак не е во животна опасност.