
Членовите на Советот на Општина Прага 1 воведоа забрана на пиење алкохолни пијалаци на целата општинска територија, а не само на одредени плоштади и улици како досега.
За држење чаша со пијалок или отворено шише в рака предвидена е казна од дури 400 евра, која се наплаќа на самото место.
„Туристите се почесто доаѓаат во Прага 1 и повеќе прегерираат да се забавуваат и веселат со пијалок по улиците, плоштадите и парковите, отколку во локалите. Сето ова е на сметка на граѓаните на Прага 1, објасни за весникот Млада фронт днес, опоштинскиот советник Иван Солил.
Додека старите прописи наведуваа по кои улици и паркови владее прохибиција, новите прописи го опфаќаат целото туристичко срце на Прага, а казните за тој прекршок се двојно зголеми од 200 на 400 евра.
Исклучок од забраната се разните социјални и културни манифестации во градот, така што забраната не важи само за Нова година на 31 декември и 1 јануари.