
Американскиот помошник државен секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел, во текот на следната седмица ќе престојува во посета на Скопје, потврдија за МИА од Министерството за надворешни работи.
Мичел за време на посетата ќе се сретне со шефот на македонската димпломатија Никола Димитров.
Од МНР не прецизираат кој ден од следната седмица Мичел ќе престојува во Скопје.
Српскиот весник Новости претходно објави дека САД подготвиле пакет предлози за односите на Србија и Косово, кој ќе биде претставен при посетата на Мичел на регионот која треа да следи во скоро време.