Стефановиќ: Македонија, БиХ и Хрватска да кажат што лошо им направивме

По повод изјавата на косовскиот вицепремиер Енвер Хоџа дека се разговарало со властите во Хрватска, Македонија и Црна Гора за воспоставување пакт против Србија, српскиот вицепремиер Небојша Стефановиќ вели дека е неопходно да се види со каков став ќе излезат посочените земји.

„Сакаме да ги чуеме лошите работи кои Србија и српскиот народ им ги направиле за да создаваат пакт против Србија и српскиот народ”, рече Стефановиќ за РТС.

Тој додаде дека ова би бил непријателски чин против Србија и нејзините граѓани и повик за дополнителна нестабилност во регионот.

– Тие признаваат дека Србија е посилна, дека Србија не е лесен плен и дека ние не сме земја која само ќе се наведнува и ќе дозволува се што е против интересите на нашата земја“, истакна Стефановиќ.

„Сакаме да слушнеме што Србија и српската Влада им направила лошо на овие земји за да воспостават пакт против Србија и српскиот народ. Изјавата на Хоџај беше непријателски чин против Србија и нејзините граѓани и повик за дополнителна нестабилност во регионот. Србија не направила ништо лошо за Црна Гора, Македонија или БиХ, освен што им помогнала. Вложивме пари и изградивме училишта во БиХ. Ја нарекувавме Македонија по името кои сами си го одредија, иако нашите пријатели Грци секогаш се лутеа поради тоа“, заклучи српскиот вицепремиер.