12.8 C
Skopje
четврток, февруари 27, 2025

Снегот ги блокираше патниот правец кон селата Бреза, Малино и Танушевци

Поради снежни врнежи патниот правец кој води до селата Бреза, Малино и Танушевци, општина Чучер Сандево се блокирани.

Во Танушевци велат дека има и неколку болни лица кои имаат потреба од лекар, но поради завеаните патишта не можат да добијат медицинска помош. Воедно велат дека храната се троши. Бараат од надлежните општински власти што е можно поскоро да преземат мерки за расчистување на снегот од патиштата.