ОВЕН
Работa: Ви следува шанса да напредувате и да остварите многу подобра заработка отколку во претходниот период.
Љубов: Доколку имате планови за брак, сега со партнерот можете да ги разрешите некои детали околу организацијата.
Здравје: Нема проблеми.
БИК
Работа: Ќе имате среќа при остварување на контактите. Личноста која денеска ќе ја запознаете ќе ви биде од голема помош во иднина.
Љубов: Ви се додворува личност за која не сте претерано заинтересирани.
Здравје: Ќе ви годи да се занимавате со спорт.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ве очекува значително материјално подобрување во текот на денешниот ден.
Љубов: Ви се буди интерес за една особа која ја запознавте преку пријател. Наскоро обострано ќе ви светнат очите.
Здравје: Избегнувајте алкохол.
РАК
Работа: Поволен ден за претставување на вашите идеи пред другите. Очекувајте позитивен исход на ситуацијата.
Љубов: Вистински почеток за врска која би можела да трае на долги патеки во иднина.
Здравје: Без проблеми.
ЛАВ
Работа: Лесно го завршувате сето она што сте го планирале за денешниот ден. Можно е наскоро да планирате годишен одмор.
Љубов: Очекувајте познанство со личност која отворено ќе ви покаже интерес.
Здравје: Се подобро.
ДЕВИЦА
Работа: Ќе ви се исплати ризикот во кој ќе влезете. Денешниот ден ви е поволен за пари.
Љубов: Доколку сте слободни, пред вас е флерт со личност која не е слободна. Зафатените Девици имаат стабилност.
Здравје: Занимавајте се со спорт.
ВАГА
Работа: Ве очекува прилика да ја покажете својата способност пред другите колеги и соработници. Ќе ја добиете неговата поддршка.
Љубов: Ќе се впуштите во страствена авантура со личност која не може да ви пружи повеќе.
Здравје: Избегнувајте цигари.
ШКОРПИЈА
Работа: Може да очекувате ден во кој ќе појават некои кочници. Покажете трпение.
Љубов: Имате мали несогласувања со саканата личност, но постои можност сето тоа да го решите.
Здравје: Немојте да се прејадувате.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Пробајте да го поправите односот со надредените за тие да стекнат повеќе доверба во вас.
Љубов: Можно е саканата особа да очекува повеќе да и се посветите. Од друга страна ви е потребна дистанца, затоа што емоциите се ладат.
Здравје: Полни сте енергија.
ЈАРЕЦ
Работа: Потребно е повеќе време отколку што сте очекувале да ги извршите сите обврски денеска.
Љубов: Уживате во вниманието кое го добивате од додворувач(ка), но и понатаму не сте подготвени да дадете зелено светло за чекор понатаму.
Здравје: Проблеми со шеќерот.
ВОДОЛИЈА
Работа: Може да очекувате дека некои планови ќе ви се пореметат и нема да успеете се што сакате.
Љубов: Доколку се решите да криете некои работи од саканата особа, ризикувате да направите поголем проблем.
Здравје: Внимавајте во сообраќајот.
РИБИ
Работа: Не сте подготвени за нови подвици кога е во прашање работата. Можно е да ви треба време да направите некој нов план.
Љубов: Можно е да сте разочарани од саканата особа и се повеќе размислувате за прекин.
Здравје: Покачена температура.