(ВИДЕО) Пет лица убиени а пет полицајци ранети во престрелата во Илиноис

Најмалку пет лица се убиени Пет лица се убиени а пет полицајци се ранети во петокот попладнето по локално време во чикашкото предградие Аурора, откако напаѓач отворил оган во индистриски склад, пренесува американската телевизиска мрежа NBC News повикувајќи се на полициски извори.

Претходно агенцијата Reuters, повикувајќи се на претставникот на мртовечницата на округот Кејн, извести за една жртва и четворица повредени

Напаѓачот е меѓу убиени, а ранетите полицајци се згрижени во локалната болница во Аурора, 65 километри од Чикаго, и нивната состојба е стабилна.

Вооружениот напад се одиграч во објект на компанијата „ Henry Pratt“, којашто произведува цевководна арматура и е во сопственост на корпорацијата „ Mueller Water Products“.

Напаѓачот, како што пренесува телевизијата CNN повикувајќи се на очевидци, отворил оган од пиштол со ласерски нишан. Според градскиот совет на Ауророа, неговите мотиви не се засега познати.

Вицегувернерката на сојузната држава Илиноис, Цилона Стратон, потсети на дека инцидентот се сличи еден ден по годишнината од трагедијата во основното училиште во Паркленд, нма Флорида, кога беа убиени 17 лица.